3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси четворица кичевчани во Струга, пронајдено оружје

На 08.11.2021 во 22.15 часот на ул,,Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода З.З.(50), С.З.(24), Е.И.(30) и Е.П.(26), сите од Кичево, затоа што околу 21.45 часот на истата улица физички ги нападнале Б.М.(31) и Р.М.(55), двајцата од Струга.

При преземање мерки, полициските службеници кај Е.П. пронашле и одзеле пиштол „ЦЗ-85 Лугер“ калибар 9 мм и една рамка со 12 куршуми.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.