13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

128 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Во текот на вчерашниот ден (07.11.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возила. Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Аеродром по мерка на граѓаните: концепт што создава, работи и се грижи

ДЕСК

Се ситни бројот на неработни денови – Еве кога ќе одмараме до Нова година

ДЕСК

Филипче: Со Ванчо Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот!

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.