15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Астро, основачот на „УБ40“, почина по кратко боледување

Британскиот пејач и основач на славниот поп реге бенд „УБ40“, Tеренс Вилсон, почина на 64-годишна возраст по кратко боледување, пренесуваат британските медиуми.

Вилсон, познат под уметничкото име Астро, настапуваше со „УБ40“повеќе од 30 години, до 2013 година кога основа нов бенд.

„Апсолутно сме девастирани, нашите срца се скршени поради загубата на нашиот драг Астро кој почина по кратка болест“, се наведува во објавата на Твитер-профилот на „УБ40 со Али Кембел и Астро“, неговиот сегашен бенд.

„Светот никогаш нема да биде ист без него.“

„УБ40“, основан во 1978 година во Бирминген, беше еден од најпопуларните англиски бендови во текот на 80-тите со серија хитови на светските топ листи, меѓу кои Kingston Town, Red Red Wine, Can’t Help Falling In Love.

Спонзорирано: