22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Наместо да ја чисти, локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров ја полни депонијата во Ново Село

Иако новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ветуваше дека уште во првите денови од мандатот ќе почне со расчитување на депонијата во Ново Село, денеска се појавија видеа на кои се гледа како општински камион влегува во депонијата за да одложи отпад.

Наместо чистење на депонијата кое беше едно од главните ветувања на Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ, тој ја користи и полни депонијата со отпад.

Ова е спротивно на предизборните заложби на новиот градоначалник Стојкоски, а ветување дека за 82 дена ќе се расчистат сите депонии во Скопје, даде и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.