Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата апсела истражители во АНБ, меѓу уапсените и напаѓач од крвавиот четврток

Од попладнево е во тек голема полициска акција во Скопје. Полицијата апси истражители на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кои рекетирале познати скопски бизнисмени и ја злоупотребувале службената положба и со лажни кривични пријави ги уценувале за пари.

Еден од уценувачите е фатен со 5000 евра кои биле обележани од полицијата и бил приведен.

Надлежните прават претрес во сите куќи на уапсените и одземааат се што може да послужи како доказ.

Медиумите известуваат дека еден од уапсените е и насилник од настаните од крвавиот четврток кој се случи на 27. април 2017-та кога беше извршен напад од поранешни функционери на сегашната опозиција.

Можеби ќе ве интересира

Уште една трагедија го потресе главниот град: Пронајден мртов 25 годишен скопјанец

ДЕСК

Скопје: Се степале возачи на автобуси

ДЕСК

Шокантен напад во Карпош: Група малолетници нападнале 13-годишно момче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.