Парламентарното мнозинство е стабилно, на ниво на коалиција имаме повеќе гласови на локалните избори, така што не е време за предвремени парламентарни, рече Перо Костадинов градоначалникот од редовите на СДСМ на општина Валандово, во гостувањето на „Топ Тема“.
-Во принцип промени се случувале кога лидерите биле во опозиција, а според мене премиерот Зоран Заев не треба да си поднесе оставка. Владата има легимитет врз основа на предвремените избори минатата година, земјата е на прогресивен пат кој не треба да се спречува, дополни тој.
Според Костадинов сите политички партии потребно е да престанат да го тероризираат населението со избори, а патот кон ЕУ е зацртан и треба да се продолжи.