24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Директорот на ЦК „Ацо Шопов“од Штип -Трајков нападнат од сопруг на актерка, случајот го пријавил во полиција

Фејсбук статус на Горан Трајков, директор во Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“- Штип:

Денеска му укажав на режисерот и разговараме дека во еден ден не може да има две проби во две смени од денот, укажав дека треба да се обрне внимание на, и на лицата од техничкиот персонал кои работат на претставата,а кои се недостаток во продуцирање на културни содржини доколку бидатат сите ангажирани. Со режисерот ситуацијата отидовме да им ја образложиме на актерите и посочиме две причини: малиот број на технички кадар и нафтата која мора рационално да ја користиме во една грејна сезона (работна смена) за да имаме до крајот на грејната сезона и за вработените и за посетителите на кои и разговарав со одговорното лице кое инаку хонорано ангажирано да ми објасни колку нафта се троши во еден ден и за други работи кои поразговаравме од претходно.

По петнассет минути влезе една од актерките почна да вика и на истата и беше речено дека доколку продолжи недолично да се однесува кон мене и воопшто кон другите ќе и биде повикана полиција. Вработената и понатаму продолжи хистерично да вика и јас се упатив кон полицијата, на влезот на театарот бев пречекан од нејзиниот сопруг, кој со најдрски зборови ми се закануваше и тргна кон мене со цел да ме спречи да отидам во полиција. Истиот ме фати за палтото и почна да ме влече кон него и проба неколку пати да ме удре во стомакот, јас се спротивставив и режисерот истрча од внатре и го отргна од мене. Јас продолжив кон полицијата по патот ме следеше лице кое ми е познато и тргна да ме следи се до влезот на полицијата. Ова лице претходно стоеше со напаѓачот пред театарот. Јас влегов и целиот случај го пријавив во полицијата. Овој инцидент не е прв – актерите да се претставувааат како жртви кога треба да работат и да си ја изработат својата плата со рака на срце поединци не сите.

Од денес па натаму секој мој работен ден ќе биде јавно објавуван со цел јавноста да знае како се однесуваат вработените кон мене и центарот за култура кога станува збор за работа, а особено кога треба да работат и да продуцираат култура не за мене туку напротив за граѓаните на општина Штип.

Ова не го пишувам за да ви се жалам , ова го пишувам за да го видете односот на поедини уметници кои трошат народни пари и што добивате вие!