Ѓулистина Марковска, утринава гостуваше во емисијата Утрински брифинг, која на овие избори среќата си ја проба како аутсајфер. Но таа обвини дека опозицијата имала изборен поткуп и притисок, пишува „Слободен печат“.
-Совршено бев свесна дека се ова избори на кои ќе добминираат големите партии. Од двете страни, а поактивирана беше опозицијата, имаше изборе поткуп и притисок. Би било убаво да дознаеме од каде им се парите. Јас тргнав и без сендвичи и кафе во кампања, вели Марковска за „СП“.
За поткупот кој според власта го вршела опозицијата, за кој наголемо се коментираше на социјалните мрежи, вчера зборуваше и премиерот Зоран Заев.
-Должност ми е да искоментирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, а дадени заради политички, но и заради економски причини. А дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании, заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите, рече вчера Заев.
Дали институциите на системот имаат веќе некакви сознанија за тоа дали имало поткуп од страна на опозицијата и од каде би им биле толку многу црни пари и доколку биле донесени од странство, како тие влегле во Македонија засега е непознато.