24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костовски: Гласот за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме да гласаме за 12, за Оливер Илиевски

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник и претседател на ОО СДСМ Куманово:

Почитувани граѓани, драги кумановки и кумановци,

Во недела на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат – тоа е Оливер Илиевски.

Максим Димитриевски кој лажно се претставува како социјадемократ е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово.

И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски.

За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и истата ја потврди.

Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата во јавните претпријатија, ако тој победи.

Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето.

Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани граѓани,

Во недела добро размислете и донесете одлука.

Дали во Куманово ќе продолжи да победуваа социјадемократијата, правдата и еднаквоста или ќе дозволиме нашиот град да го преземе режимот преку инсталацијата наречена Максим Димитриевски?

Дали ќе се избориме против ова подметнување или ќе дозволиме градот да стане приватен имот на Димитриевски?

Сите знаеме дека Куманово секогаш било на вистинската страна, дека секогаш пркосело на режимите и неправдите и така ќе биде и овој пат.

Да се обединиме во недела и повторно пред целата држава да покажеме како победува социјадемократијата, како победува прогресивноста, како победува сплотеноста.

Да гласаме за број 12, да гласаме за Оливер Илиевски, да гласаме за Куманово да продолжи да биде бастион на социјалдемократските вредности.