Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Шилегов: Ако некој решил да земе државјанство на друга држава тоа е лична одлука – она што ме загрижува е криењето на вистината од јавноста и новинарите

Фејсбук статус на Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов:

Ако некој решил да земе државјанство на друга држава тоа е лична одлука. Она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани, е криењето на вистината од јавноста и новинарите.

Прашањето е за што уште Арсовска не ја кажувала вистината? Како тоа нема време да одговара на прашања на медиумите за вакво важно прашање? Нема време и интерес за дуел да соочи аргументи, нема време да одговара на прашања на новинарите.

Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој кој претендира да биде градоначалник. Очигледно Арсовска е склона кон криење на факти од јавноста. Преку овој случај сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање кое треба да го постави јавноста и медиумите.

Одлуката на Арсовска да има бугарско или друго државјанство е нејзина лична одлука и јас тоа нема да го коментирам.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во Аеродром: скопјанец остана без пари, мобилен телефон и без лични документи

ДЕСК

Драма во Карпош: 35 годишна жена нападнала возрасна скопјанка во продавница

ДЕСК

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари, следува пријава

ДЕСК