27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Данела со бугарско државјанство да излезе пред граѓаните да не се крие зад лажни соопштенија, порачаа од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Наместо да се крие зад лажни соопштенија на нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да признае дека има државјанство на Република Бугарија.

Официјални документи потврдуваат дека кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има бугарско државјанство.

Во документот „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство.

Тоа е вистината која ниту едно нервозно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја демантира.

Цели десет години, Данела Арсовска има резервна татковина.

Таа не може да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.

Странски инсталации како Данела, кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.

Скопјани нема да дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот.

На 31 октомври, во недела, граѓаните ќе заокружат број 12, за Петре Шилегов, за да продолжи напредокот на Скопје.