15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ново сведоштво од Вевчани: Припадник на обезбедување на Мицкоски во локал се претставил како полицаец, барал лични карти и се заканувал по гости

Сведоштво на Младен Даскаловски, сведок на инцидентот кој денеска го предизвика обезбедување на Христијан Мицкоски во Вевчани:

Епа драги вевчанци вака беше,

Без никакви лаги и невистини, ви ја презентирам целата вистина околу еден случај, кој веќе се коментира низ јавноста.
Некаде оклу 20:30 часот на терасата во објектот „Госип“, во кој сум сопственик и вработен, во моментот на дешавката келнер, при партиски собир, лице претставено како полицаец со име и презиме

Димитар Димовски, без никакво образложение и без притоа да покаже службена легитимација, почна да бара лични документи и да се заканува на наши гости од непознати причини. На тоа, ЈАС лично реагирав со прашање, „кој е господинот и со кое право истиот легитимира наши гости?“ но, на истото прашање не добив никаков одговор, освен арогантно понашање!

Познавајќи ме мене, како и нашиот објект сите знаете дека без разлика на партиска, верска и било каква припадност, безпрекорно сте дочекани и послужени сите кои сте сакале да не посетите!

На крај, од мое лично име порачувам следно:

НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД НИКОЈ И НИКОГАШ!

Наша силна страна е правдата, чесноста и слободата!!!

Секој е добредојден, освен тие што на „нивните” им викаат „ШТО БАРАТЕ ТАМУ“ тие не се наши…
Некој ако сака да создади нова иднина на ваков начин, гадно се залажал.

… Со надеж дека Вевчани ќе биде подобро место за сите нас,

Младен Даскалоски.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК