23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Еве го спотот заради кој што Данела не оди на дебати

Последниве неколку денови гледаме дека кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска избегнува јавно соочување на дебата со актуелниот но и кандидат за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов. Како единствен аргумент за несоочување Арсовска го спомнува фактот што на јавниот профил на сегашниот градоначалник Петре Шилегов се споделува „црна кампања“ за неа.

Од друга страна сегашниот градоначалник на одговор на новинарско прашање кажа дека жал му е што г-ѓа Арсовска ги потценува граѓаните и јавно прашува дали воопшто е нешто лошо кажано за неа. „Не кон мене туку кон граѓаните на Скопје должиме дебата. На скопјани должиме соочување на концептите за развивањето на градот. Безначајно е кој од нас како се чувствува затоашто овој град не е ни на ВМРО ниту на СДСМ, а не е ниту на кандидатите кои се во трка за да го водат градот. Овој град е на Скопјани. Скопјани одлучуваат за Скопје, и нивната одлука треба да се основа на тоа што кандидатите ќе го понудат за градот како концепт а не како желби.“

Едно популарно видео кое кружи низ социјалните мрежи, а е постирано на страната на сегашниот градоначалник е видеото „Скопје нема што нема“ на кое главен протагонист е Данела Арсовска, која на нејзина прес-конференција набројува неколку работи кои Скопје ги нема, а на истото видео визуелно се додадени работите кои таа ги набројува а реално или се направени или се во процес на правење. Видеото за кое г-ѓа Арсовска бара извинување можете да го гледате во следниот линк:

Се поставува прашањето, дали ова видео може да се користи како основа за скопјани да не гледаат телевизиско соочување во вториот круг? Одлучете сами.