23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мајор д-р Лазар Ѓуров: Урлањето на ордите го буди истото језиво чувство кога беше окупирано нашето општество

Мајорот и доктор на науки, професор на Воената академија, во објава на Фејсбук ги коментира последните случувања од локалните избори и говорот на омраза кој доаѓа од одредени центри на моќ.

„Тоа што и при самото водство во прв круг ко орди урлаат: Цело Скопје вмровски град!!! Ми го враќа истото језиво чувство од кога го имаа окупирано општествово и ми покажува дека ама баш ништо не научиле овие неколку години во опозиција“, пишува Ѓуров.

Д-р Ѓуров додава дека ни Скопје, ни Аеродром, ни Центар не е вмровско, туку дека тоа е на граѓаните.

„А вие сте обични политичарчиња на кои ние сме ви газди. И ако се занесувате дека сте над граѓаните, пак ко џукели ќе се криете по гепеци за да побегнете од заслужената казна или ќе кукулекате ко Миле ми текна дека многу ве возат до Идризово и назад или ќе скапате во затвор ко Горде додека детето ви расте без вас. Оладтете ги главите… во кои очигледно ништо не сте сфатиле“, посочува Ѓуров.