Кога било најтешко сме носеле државнички одлуки и сме се бореле против режимот, рече Зоран Заев, лидер на СДСМ на вечерашната средба во Вевчани.
– Благодарение на тоа, денес Македонците го живеат својот сон, членка сме на НАТО и аспиранти за членство во ЕУ.
Останувам борец, секогаш и за сите наши идеали, силата ја црпам од вас граѓаните и сакам и вас да ве поттикнам да се борите, и никако да не дозволиме да се врати режим.
Ова е пресуден момент, не само за Вевчани, туку и за целата држава. Одлуката е дали остануваме на вистинскиот пат кој носи успех, прогрес и развој на општините и државата, или ќе се враќаме во мрачното минато.
Сега е моментот народот решително и одлучно да покаже дека борбата за напредна, модерна и европска држава продолжуваме да ја водиме ние.
Од овде од Вевчани, повикувам да се обединиме и да се бориме за подобро утре, велат од СДСМ.