На 22.10.2021 во 16.50 часот во Полициската станица Драчево, од Поликлиника Драчево било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско.
Како што пријавило неговото семејство, настанот се случил на бензинска пумпа во с.Студеничани, а повредите му ги нанел М.Џ. од с.Батинци, скопско, поради меѓусебно нетрпение. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.