3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Мицкоски шири паника – Најавува рестрикции за струја – веднаш стигна демант за лажната вест

Дали лидерот на ВМРО ДПМНЕ со паниката што ја шири за најавени рестрикции на струја, планира да ги воведе доколку го формира фамозното мнозинство во парламентот?

Македонија е пред енергетска криза која ќе се одрази и со рестрикции на електричната енергија која граѓаните ќе ја почувствуваат уште од наредниот месец ноември, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Сепак Мицкоски за ширењето на паниката и лажната вест на крајот од изјавата вели дека не знае колку е вистина тоа што му го дошепнале структурите на ВМРО ДПМНЕ инсталирани во државните институции:

„Македонија е пред енергетска криза. Мислам дека веќе во ноември ќе ги чувствуваме првите последици на таа енергетска криза. Од она што го имам како информација е дека се подготвува и во енергетските компании план за рестрикции. Не знам колку е тоа вистина, но таа информација дојде до мене. Значи се враќаме 30-40 години назад во времето, со оваа Влада на СДСМ се е можно, вклучително и рестрикции и враќање назад“, рече Мицкоски.

Сепак, се работи за лажна вест. Намерно пласирана со цел да предизвика паника кај населението и да го наруши изборниот процес.

Ковачевски: Струја за домаќинствата има, цените остануваат исти – Јагленот го нарачуваме за тие кои купуваат струја на отворениот пазар односно компаниите и институциите

„АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува.

АД ЕСМ го засили ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинставата, и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана.

Компанијата во целост ги испорачува потребните количините електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

По одредени написи во дел од медиумите-уште еднаш потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите.

Во текот на наредните денови ќе склучиме договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година.

За РЕК Битола повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

Истовремено, се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана, и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција.

Потенцираме, електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста.”