19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Советникот во Град Скопје од ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески бил против зголемување на минималната плата, дури јавно ја предупредил Владата да не го прави тоа

Во изјава дадена пред повеќе од една година, пред зголемувањето на минималната плата на 14.500 денари, Трајко Славески, новоизбран советник во Град Скопје, бил против зголемување на минималната плата.

-Еве повелете зголемете ја минималната плата ќе видите што ќе се случи со македонската економија. ќе имате штрајкови секој ден, штрајкови јавниот и пријавниот сектор секој ден. Ве предупредуваме немојте да го направите тоа за доброто на земјата, рекол Славески за ТОП ТЕМА пред повеќе од 1 година.

Интересно е што оваа тема доаѓа актуелна повторно на крајот на годинава, за кога Владата најави дека ќе биде донесено ново решение за минималната плата која треба да изнесува 18.000 денари.