24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ Скопје: Данела Арсовска е кандидат на урбаната мафија што го уништи центарот на Скопје

Почесната конзулка од Унгарија Данела Арсовска е кандидат на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои го создадоа урбанистичкиот хаос во Центар и во Скопје, заради интересите на урбаната мафија на Груевски. Данела Арсовска станува менаџерка на спортската Сала Расадник токму кога Никола Груевски е министер за финансии. Како резултат на нејзиното катастрофално менаџирање, спортската сала Расадник пропаѓа.

Центарци и скопјани многу добро паметат кој го уништуваше модерно Скопје заради изградба на „барокно Скопје“. Центарци и скопјани многу добро паметат кој го уништуваше зеленилото во Скопје и шумите на Водно заради изградба на хациенди на плацовите на Груевски и неговите урбани мафијаши. Центарци и скопјани многу добро знаат зошто криминалното ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати во Центар и Скопје.

Трагите од криминалите на ВМРО-ДПМНЕ во Центар се сеуште видливи и свежи, и затоа Наташа Котлар ќе биде уште еднаш поразена од Герасимовски во општина Центар.

Скопјани многу добро знаат дека урбаната мафија на Груевски го уништи модерно Скопје со мегаломанскиот проект на Груевски „Скопје 2014“. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно казнето во Скопје, а разликата меѓу Шилегов и Арсовска ќе биде уште поголема во корист на Шилегов.