23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Политичкиот сигнал од ЛДП-ДОМ е јасен, тие се дел од политичкото мнозинство, очекувам поддршка од нивните поддржувачи

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов смета дека политичкиот сигнал што го испратила коалицијата ЛДП-ДОМ е дека остануваат во политичкото мнозинство, поради што очекува поддршка од нивните поддржувачи. Побара и силна поддршка од сите граѓани во вториот изборен круг, за, како што рече, Скопје да продолжи да се движи во вистинска насока.

-Политичкиот сингал кој што го пратија ЛДП и ДОМ е сигнал кон сите граѓани дека остануваат во политичкото мнозинство. Не мислам дека е пристојно да се бара од било кој граѓанин или да се насочува кому ќе го даде својот глас затоа што тоа е индивидуално право на секој од нив. Очекувам дека добар дел од тие луѓе ќе сакаат овој град да не застане и да го градиме заедно, рече Шилегов.

Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат и обединуваат, потенцира тој, не смее да запре, а изградбата на европско и урбано Скопје мора да продолжи.

-Вие граѓаните сте силата на овој град и вие одлучувате во каков град сакате да живеете иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста заедничка цел, силно единствено скопје во кое се живее достоинствено Ајде да се обединиме за за модерен град кој вложува во иднината, а не во минатото. Да дадеме поддршка на Скопје кое ги поддржува младите да градат семејство тука и тоа силно вложува во здрава иднина чист воздух и модерна инфраструктура, рече Шилегов барајќи од граѓаните на Скопје поддршка за втор градоначалнички мандат, по увидот на eдна од локациите каде што се гради улицата „Есенинова” која ги поврзува булеварите „Борис Трајковски” и „Трета македонска бригада”.

Шилегов рече дека со поврзувањето на двата булевара трасата од локацијата Чешма во Кисела Вода со Сајмиште во Гази Баба ќе биде скратено од осум на два километра, а патувањето со возило ќе биде скратено за 15 минути.

-За да се стигне на овие две места мора да се вози или преку булеварот „Србија” или од кај Тутунскиот комбинат, каде пак, се создава голем сообраќаен метеж. Новата улица ќе го растовари метежот, а воедно многу ќе се скрати патувањето, рече актуелниот градоначалник.

Ова е трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода.

-Булеварот „Трета Македонска Бригада” е долга повеќе од 2,5 километри и има само две поврзаувања со Кисела Вода и тоа кај булевар „Србија” со булеварот „Борис Трајковски”, а второто кај Тутунски комбинат каде се создава голем метеж. Со изградбата на оваа улица и таканареченото тесно грло ќе го растовариме сообраќајот на начин што ќе го скратиме движењето и нема да мора да се оди на тутунски и тој метеж таму ќе се преполови, рече Шилегов.