22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ДПТ: Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат

Денеска пред вас, како лидер на најсериозната и најодговорната партија која ги застапува, брани и негува интересите на турската етничка заедница повеќе од 30 години, Демократската Партија на Турците, сакам да им се заблагодарувам на нашите граѓани подржувачи кои и на овие избори ја избраа праведната страна. ДПТМ која е дел од владеачкото мнозинство во собранието на Р. Македонија, на последните локални избори на еден дел од општините учествуваше со сопствените кандидати за градоначалници и листи за советници а на останатиот дел од општините заедно со партиите кои ја сочинуваат владината коалиција. Модел која како партија ја практуваме во изминативе 30 години на сите локални избори до сега.

Од друга страна ваков модел на функционирање е показател на демократскиот капацитет на партиите кои ја сочинуваат владината коалиција кое е за поздравување. Бидејќи целта ни е да ги зачувуваме интересите на нашите граѓани и да го унапредуваме демократскиот капацитет на нашата заедничка држава.

Шпекулациите околу стабилноста на владиното мнозинство, ние како партија која успеа да ги постигне поставените цели на локалните избори, ги толкуваме како манипулација на јавното мислење од страна на неколку портали пред вториот круг. Како сериозна партија со 30 годишно искуство ДПТМ за политичкото делување одлуките ги носи на партиските органи по сопствено убедување на нашето членство а во интерес на граѓаните кои ги застапува. Затоа ни еден субјект во оваа држава нема право и нема да дозволиме да шпекулира во и со наше име. Како партија ние сме дел од владеачкото мнозинство кое успеа да ги реши историските пречки на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја. Исто така се залага за квалитетен и еднаков живот на сите кои живеат во оваа земја која е милтиетничка и мултикултурна држава.

Како Демократската Партија на Турците потврдуваме дека Владината коалиција е стабилна и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат.

Д-р Бејџан Иљас

Претседател на ДПТМ-TDP