По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи казниво по Кривичниот законик.
Обвинетиот 53-годишен жител на селото Дебреше на 8 април годинава се движел во својата нива во атарот на селото, носејќи огнено оружје во пределот на појасот – пиштол и 12 куршуми со калибар 9мм Para, за кои немал соодветна дозвола за поседување.
Оружјето и муницијата ги пронашле полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот.