2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз: Фер и слободни избори

– Демократскиот сојуз оценува дека локалните избори за совети на општините и градоначалници во првиот круг се одржаа во услови на фер и демократска атмосфера што им овозможи на граѓаните слободно да ја изразат својата политичка волја. И покрај тоа што новиот систем на гласање со отпечаток од прст создаде одредени проблеми односно го забави процесот на изјаснување на граѓаните сепак на крајот може да се оцени дека придонесе за заштита на изборниот процес и брана од фалсификати и манипулации со гласањето што беше присутно во некои од минатите изборни процеси, велат од Демократскиот сојуз.

– На сите избрани градоначалници во првиот круг им го честитаме изборот и им посакуваме успех во работата на натамошен развој на општините. Очекуваме кампањата за вториот круг за избор на градоначалници да се одвива во натпреварувачки дух и фер и демократски амбиент, велат од Демократскиот сојуз.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +