2. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Илиевски од Куманово: Со инвестиции ќе ги задржиме младите во градот кој секогаш бил браникот на интересите на граѓаните

Ќе вложуваме во градинки, училишта и инфраструктура, и ќе работиме за чисти реки и зелена околина, рече кандидатот за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски на партиската трибина. Тој вети дека ќе го изгради и најмодерниот плоштад со подземни сообраќајници, а ќе се бори со инвестиции младите да останат во Куманово.

-Ќе воведеме нов менамент во градот и ќе спроведуваме системски решенија. Одлучуваме во недела дали и натаму ќе бидеме жртви на изговори или ќе дадеме шанса да ја реализираме најдобрата понуда за Куманово, рече Илиевски.

Тој дополни дека Куманово е град кој е секогаш на браникот на интересите на граѓаните, град со добри луѓе кои го даваат најдоброто од себе и затоа го заслужуваат најдоброто.

-И во историјата кумановци покажале дека се вистински борци за права и слободи и се непокорни пред режимот, порача Илиевски.