23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Гласот на тивкото мнозинство ќе одлучи за создавање на нова иднина

„Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на телевизија, тоа се луѓето од улиците, од плоштадите, од полињата. Гласот на тивкото мнозинство е гласот на разочараниот работник, на револтираните млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за нејзин опстанок секој ден. Гласот на тивкото мнозинство е глас на работниците по скелињата, на образовните и културни работници кои се потиштени, тоа е глас на актерите кои сонуваат за големи улоги“-ова го истекнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во новиот рекламен спот за овие локални избори.

Како што вели тој, тивкото мнозинство се и земјоделците кои работат на нивите и ја хранат нацијата.

„Сите овие луѓе мора да знаат дека нивната, но и иднината на Македонија зависи лично од нивниот глас. Тоа тивко мнозинство може да создаде нова среќа, надеж и нов почеток. Затоа го повикуваме огромното тивко мнозинство да излезе и на 17 октомври да го даде својот глас за промени. Заедно да создадеме иднина, а не друг да ни ја крои судбината“-рече лидерот на партијата Мицкоски.