Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Кавадарци може и подобро, а ние го имаме Најдоброто за подобар живот во демократија и слобода, на 17 октомври направете разлика, изберете 12

Ние не ги оставаме граѓаните на цедило, зашто секој граѓанин ни е важен. Нашите дела не се споменици, ниту фонтани, инвестираме во луѓето, вие сте највредниот ресурс на оваа држава. Враќаме стари долгови, инвестираме во сите општини, во партнерски однос со Владата и со граѓаните локалната власт ќе може да реализира капитални проекти, важни за граѓаните, затоа на 17 октомври направете разлика, гласајте за 12, за Горан Тодоров за градоначалник и за советничката листа предводена од др. Диме Коцев, гласајте за луѓето што се блиску до вас, тие најдобро ќе ве разберат, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз во Кавадарци.

“Не градиме ѕидови од стиропор за да се криеме позади нив, ниту пак ни е потребна Бела палата за да ги држиме сите на око, од високо. Не трпиме закани и уцени. Во нашата матрица се слободата, демократијата, отвореноста. Нема напредок со сеење страв и со изолација, надвор градиме партнерства и соработка, за да можеме да изградиме подобра иднина за сите, овде дома. Имаме храброст, сакаме да бидеме во друштво со најдобрите, само така се оди напред. Ја намаливме невработеноста на рекордно ниско ниво, ги зголемивме и платите и пензиите, ги поддржуваме младите да отворат сопствен бизнис, обезбедиме до сега најголема поддршка за земјоделците, изградивме и реновиравме 60 детски градинки, училишта, патна и комунална инфраструктура. Продолжуваме победнички, затоа што имаме план и го имаме Најдоброто за секоја општина.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК