22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фото) Левица преку Иван Јованоски кој направи циркуз на Могилата во Прилеп истура огромни пари на фејсбук кампањи

Иван Јованоски, лицето кое беше предводник на групата која го направи циркуз при одбележувањето на празникот 11 Октомври во Прилеп, според јавните податоци на фејсбук е главниот канал за финасирање на кампањата на Левица за локланите избори на социјалните медиуми.

Иван Јованоски е потпишан дека лично го плаќа спонзорирањето на околу 120 реклами кои се објавени на оваа платформа, на 20тина различни фејсбук страни.

Поточно Иван ја финансира кампањата на Левица во родниот Прилеп, во Охрид, Струга, Велес, Гевгелија, Куманово, Делчево, Кисела Вода и други општини. Иван Јованоски лично ја покрива кампањата на социјалните медиуми и на кандидатот Александар Димитријевиќ, кандидат за градоначалник на Левица за Ѓорче Петров, на Дарко Ристовски за Карпош, Андреа Јанков за Центар, Јулијана Штрковска Колариќ за Кисела Вода.

Се поставува прашањето колку пари има потрошено Иван Јованоски за финансирање на кампањата на Левица во сите овие општини и дали се ова негови лични парични средства, дали со банкарска картичка ги плаќа рекламите, имајќи во предвид дека ова е единствениот начин за плаќање на реклама на Фејсбук?

Доколку сепак троши свои пари, прашањето е од каде му се толку пари и каков интерес има да ја финансира кампањата на Левица?

И секако, дали овие пари ќе бидат пријавени како донација во извештајот која Левица ќе треба да го достави до ДИК по истекот на кампањата?

Доколку се продолжи да се истражува на платформата „Ad Library“ на Фејсбук, Иван Јованоски е исто финансиер и на кампањите кои одат преку страните „ 99% Macedonia “ и „ Не отварам врата“ преку која само од 4 август до 11 октомври има потрошено 529 еур.

Инаку партијата Левица, која се претставува дека е партија на сиромашните и децата на транзицијата, е најголем „трошач“ на пари на социјалните медиуми.

Имено, Левица само на својата главна страна на Фејсбук со име “Левица“, од 4 август до 11 октомври има потрошено 8.384 евра, 6639 евра од 5-11.2021 .

Партиите СДСМ и ВМРО имаат неколку пати помалку потрошено пари од нивните официјални страници на Фејсбук и Инстаграм.

Пример (Колку потрошила Левица како партија)

Пример (Колку потрошила ВМРО ДПМНЕ)

Пример (Колку потрошил Иван Јовановски)