26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Значителен пад на температурите и снег во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Во текот на ноќта кон четврток од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.

Утре попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.

Пообилни врнежи ќе има и во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Прогноза за 14.10.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места и особено во јужните делови ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег, а понекаде на повисоките места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.10.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 16.10.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 16°C
Променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд на истокот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж пошироко Повардарие ќе засилува.