Денеска Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово заедно со вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски остварија средба со претставници на бизнис секторот во Куманово, на којашто разговараа за идните можности за развој на локалната економија.
Николовски истакна “приватниот сектор има важна улога во создавањето на работните места и приходите за граѓаните, тој е еден од двигателите на македонската економија.” Илиевски потенцираше дека само во соработка со централната власт може да се решат проблемите во индустриските зони и да се трансформира Куманово во место привлечно за домашни и странски инвестиции.
“Само соработка и обезбедување на финансии од локално и централно ниво ќе допринесат за подобрување на условите за понатамошен развој на локалната економија.”