14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Герасимовски: Поставуваме фотоволтаични панели на сите јавни објекти и нови енергетски фасади

Општина Центар силно вложува во зеленилото и квалитетот на воздухот. Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата во денешната изјава најави дека зелената агенда на Центар ќе се интензивира.

„ Нашата цел во Центар е не само преку новите паркови и јавните зелени површини да го зголемиме зеленилото туку и ќе го подобриме квалитетот на воздухот. За таа цел ќе бидеме силно посветени и на субвенционирање на енергетско ефикасни фасади. Така не само што ќе го освежиме ликот на општината туку ќе поттикнеме еколошко греење. Нашиот план е и поставување на фотоволтаични панели на покривите на јавните објекти и инвестирање во алтернативните извори на енергија. А преку вело-мрежата и затворање на „Боемска 2“ и „Орце Николов“ стимулираме зголемено користење на велосипеди и тротинети“, изјави Герасимовски.

Герасимовски потсети дека општина Центар во изминатите четири години силно вложуваше во ново зеленило. Општината за само четири години доби 5.200 садници и 53.700 м2 квадратни реконструирани паркови и преку ревидирање на 9 ДУП-ови заштити 14 000 м2 зеленило. Воедно општина Центар е првата општина која воведе обврска за 20% зеленило во градежна парцела и обезбедување задолжителни паркинг места за станарите. Герасимовски рече дека ова е сигурен доказ за плановите на СДСМ. Според Герасимовски Општина Центар ќе стане европска општина, со зелени паркови и зелени јавни површини.

„Време е тротоарите да ги ослободиме за велосипеди, мајки со колички, пешаци, време е да дишеме квалитетен воздух и да имаме зеленило каде ќе одмориме. Време е Центар да го заслужи својот вистински назив, затоа да гласаме за бројот 12, за Најдоброто за Центар“ порача Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +