„Општините стануваат се повлијатилни и ќе бидат капацитетни да ги испорачаат сите нивни ветувања. Логично е граѓаните да бараат повеќе и уште повеќе да се испорача за четири години. Одиме со најдоброто во секоја општина и со поддршка од централната власт ќе реализираме неколку кратно повеќе проекти кои живот значат на локално ниво“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на вестите на Сител.
Тој додаде дека убаво е кога ќе се посетат сите села и градови во земјава и ќе се видат сите реализирани проекти.
„На идните градоначалници им препорачувам да го сакаат народот и да ја прифатат одговорноста за да му служат, а не да владејат со него. Да ги слушаат граѓаните за нивните потреби, да бидат фер и правични и да ги распределат финансиските капацитети подеднакво за сите“ рече Заев.
Премиерот додаде дека граѓаните се неприкосновени одлучувачи на локално ниво и тие најдобро знаат што е врвен приоретет за нив.