Втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на Централната европска иницијатива во Триесте беше отворена за јавноста во рамките на самитoт „Барколана“ и посветена на управувањето и заштитата на водите, а особено на односите помеѓу земјите што делат прекугранични водни тела, промоција на одржливиот развој и градењето отпорност на општествата и животната средина.
Министерот Нуредини во своето обраќање на панелот ги сподели предизвиците во управувањето со трите речни слива и трите природни езера што Република Северна Македонија ги дели со своите соседи.
Тој се осврна особено на последните развои во соработката во рамките на договорот „Преспа парк“ и ја истакна потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела бидејќи природата не познава политички граници.