25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Скопје го добива најдолгиот дрворед на кеј со нови 2.500 дрвја

– Во изминатите 4 години го започнавме овој проект „Дрво за секое дете“ со кој садиме едно дрво за секое новороденче во Скопје, но засадивме и 20 нови дрвореди и преку 25.000 нови дрвја. Во следниот мандат имаме амбициозна цел, а тоа е да го направиме најдолгиот дрворед во Скопје па веројатно и многу пошироко. Планираме долж целиот Кеј на Вардар, кој е уреден и среден после децении, да посадиме дрворед кој ќе брои околу 2500 израснати високо школувани дрвја. Ова освен што ќе значи многу за животната средина, кејот за неколку години ќе биде целосно под сенки што ќе го направи уште поатрактивен за посетителите, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

– Почитувани, Град Скопје вложува онаму каде што е најпотребно и во изминатите 4 години скопјани може да се уверат како работиме и дека нашите приоритети се токму оние кои се приоритети и на граѓаните. Успешните политики во делот на екологијата, загадувањето и битката за поздрава животна средина даваат резултат. Она што функционираше сега го засилуваме и за четири години, а верувам дека темата за чист град ќе биде апсолвирана, правејќи го Скопје еко град, потенцираше градоначалникот Шилегов.