Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

РК Куманово со изненадување за Илиевски – дрес со број 12

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово вечерва присуствуваше на тренинг на Ракометниот клуб Куманово, со цел да ја искаже поддршката кон спортистите за развој на клубот и за спортот во Куманово.

“Владата инвестираше многу во развојот на спортот во Куманово, ние тој успех ќе го продолжиме, заедничката соработка може да носи само нови спортски победи за градот.”

Илиевски потенцираше дека Соколана и градскиот стадион беа вратени од страна на Владата во владение на општината и со финансии пд централната власт започнати се реконструкции на истите. Дополнително Илиевски рече дека инвестициите во изградба на три училишни спортски сали се голем успех на Владата, успех кој тој планира да го продолжи уште подинамично.

На крај од средбата Илиевски беше пријатно изненаден со дрес со бројот 12. “12 е за победа, за спортско Куманово”, заврши Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

ДЕСК

Српски камион се заби во објект на царинската управа – оштетен е кровот и рампата

ДЕСК

Замрзнат имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

ДЕСК