29. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ШИЛЕГОВ: НАПРАВИВМЕ МНОГУ ВО ОВИЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ И НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО СОПРЕМЕ КОНТИНУИТЕТОТ НА РАЗВОЈОТ НА СКОПЈЕ

На ТВ дебатата на Алсат-М, на прашањето зошто се кандидира за уште еден мандат за градоначалник на Скопје, кандидатот на СДСМ и најдоброто за Македонија Петре Шилегов одговори:
„Јас од скопјанки и од скопјани барам продолжување на мандатот, продолжување на уште еден мандат, затоа што направивме многу во овие изминати четири години и не смееме да го сопреме континуитетот на развојот на нашиот град.“

Шилегов истакна дека „во изминативе четири години, Скопје фати еден навистина поинаков правец, наместо за барок, за статуи, за лажна бронза, за стиропор, конечно влеговме смело во решавање на сериозните инфраструктурни проекти коишто недостасуваа во нашиот град. 26-годишната негрижа за Скопје ја заменивме токму со храбри одлуки, токму со решавање на проблеми коишто го создадоа овој неред, и од нередот полека и упорно создаваме добра една позиција. За четири години четири булевари, два моста, десетици илјади на дрвја, сериозна борба со загадување со замена на грејните тела со инвертери …“

Шилегов укажа дека на Скопје му е доста од брзи решенија и дека заради брзите решенија, непланските решенија, сме во оваа позиција. Стручниот тим којшто работи со мене го направи токму тоа – добро планирање, добра имплементација – истакна кандидатот на СДСМ и најдоброто за Македонија Петре Шилегов на ТВ дебатата на Алсат-М.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК