23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Европската банка за обнова и развој потпишаа договор за грант од 1 милион евра

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси го потпишаа договорот за грант во висина од 1 милион евра, обезбеден од фондот на ЕБОР – канцеларијата во Шведска, во рамки на програмата за животна средина и климатски промени (Sweden – EBRD Municipal Environmental and Climate Programme Account II).

Овие средства врз основа на целосно спроведената процедура и потпишаниот договор се наменети за изведување на FOPIP анализа, односно анализа за подобрување на оперативните и финансиските перформанси за спроведување на големи инвестиции во ЈП Водовод и канализација – Скопје, за чија изработка и спроведување за прв пат во нашата држава се ангажира реномиран консултант, германската компанија ДЕКОН, која е фокусирана на конслутантски услуги за инфраструктурни проекти во полето на енергетиката, ОИЕ, енергетска ефикасност, вода, отпадна вода и паметни градови. Дел од овој грант е наменет и за изведување на Студија за влез на вода и инфилтрација (Inflow and Infiltration Study), во рамки на еколошки – капиталниот проект за изградба на

Пречистителната станица за третман на отпадни води – Скопје.

„Со потпишување на овој договор за грант од ЕБОР, се овозможуваат услови за изведување на соодветни анализи и студии од големо значење за реализација и изведба на проектот за ПСОВ – Скопје. Во изведбата на овие анализи и студии, учествуваат светски реномирани компании кои ќе го пренесат своето искуство и знаење тука кај нас, што е уште еден доказ дека проектот за изградата на ПСОВ – Скопје е еколошки – капитална инвестиција чие значење како такво е препознаено, не само во нашата земја туку и во Европа“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Бачовски: На располагање нови средства за поддршка и развој на рибарството и аквакултурата во земјава

M T