17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

150 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24, 11 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 24 за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 37 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЕСК

Малолетник претепан во Куманово

ДЕСК