1. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кондовски на Телма: Нижеполе ќе стане скијачки центар со кој ќе привлечеме туристи од регионот

„Проектот Нижеполе ски-центар предвидува набавка на опрема со која ќе се заснежува и прави вештачки снег, за во Битола да може скијачката сезона да трае и кога нема доволно снег. Со тоа ќе ги привлечеме туристите од регионот“ кажа кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на дебатата на ТВ Телма.

Како што кажа тој, проектотќе се реализра во две фази, од кои во првата ќе се набави опремата за заснежување и вештачки снег, додека во втората фаза ќе се обноват трите ски лифтови.

Кондовски додаде дека освен ски-центарот Нижеполе, планира и заживување на туризмот во село Дихово, кое е на лситата од 50 скриени туристички дестаниции.

„Ќе направиме патеки во селото и ќе обезбедиме бесплатен превоз во недела за млади и пензионери. Исто така предвидуваме и решавање на деталниот урбанистчки план во подпелистерието со цел ослободување на потенцијалот во овој регион“ кажа Кондовски.

Кандидатот за градоначалник исто така најави и рехабилитација на зоолошката градина во Битола, како и основање на јавно претпријатие за туризам, кое ќе треба да изготви програма за задржување на туристите во градот на подолг период од едно деноноќие.