Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гошаревски од Ресен: Во Преспа се решава проблемот со водоснабдувањето и ќе се гради пречистителна станица

Подготвен сум да го вложам најдоброто од себе, но за тоа ми е потребна вашата поддршка, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Живко Гошаревски од партиската трибина во Ресен. Тој рече дека Ресен во иднина го замислува како развиен и перспективен град, урбанистички современ, а Преспа за место кои е можност и каде ќе може да се работи, да се твори, да се старее и да биде привлечна туристичка дестинација со културни и спортски настани.

-Во наредните четири години локалниот економски развој ќе биде носечки столб, заедно со продолжување на имплементацијата на мерки за отворање нови работни места, кажа Гошаревски.

Тој најави изградба на современа инфраструктура и пречистителни станици и канализации.

-Планираме реконструкција на централниот водоводен систем со што ќе се реши во Преспа водоснабдувањето, како и канализациски систем во населените места покрај езерото, неопходна е реконструкција на повеќе градски улици заедно со атмосферска канализација, а и двете згради на училиштето „Мите Богоевски“ ќе бидат реконструирани, кажа Гошаревски, ветувајќи и изградба на катна гаража. 

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК