7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска од Ресен: Пари не се трошат на споменици, имаме зголемена минимална плата имаме живот во општините!

Како Влада и во изминатите години земавме една обврска, да не ги трошиме парите на палати, да не ги трошиме парите на споменици и да не ги вложиме сите во еден квадратен метар во центарот на Скопје. Наместо тоа, решивме парите да одат таму каде што се најпотребни, кај граѓаните и кај општините бидејќи во општините е животот.

Успеаваме со политика која претходно сите ја критикуваа, навистина за три, три и пол години минималната и просечната плата да ги покачиме за 6 илјади денари, три пати повеќе отколку што растеле во минатото.

Успеавме со тие политики да создадеме и нови работни места, но и да покажаме дека платите мора да продолжат да растат.

И затоа излегуваме пред вас и ја бараме поддршка и во нивно име за да продолжиме со таа политика, парите да одат кај граѓаните, парите да доаѓаат во општините, парите да се вложуваат во инфраструктура.

И затоа сама да ви порачам, немајте дилеми, во Ресен излегуваме со „Најдоброто“ за да можат тие да го вратат „Најдоброто“ на Ресен и на Преспа.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК