1. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велковски од Свети Николе: Инвестициите во ветерници и фотоволтаици ќе отворат иднина за младите

По точно четири години гордо стојам пред вас со проектите кои ги реализиравме и да понудиме нови проекти. Воопшто не беше лесно по 12 години постушење од претходните власти на ВМРО-ДПМНЕ преку закани и притисоци, ни треба месеци да застанеме на нозе, долгови и кога конечно помисливме дека закрепнуваме не дочека уште еден штетен договор за уличното осветлување, за едно улично осветлување договориле по деветсто евра наместо 50 колку чини, правдата е спора зарем можевте толку многу да пустошите, затоа ќе доживеете пораз, рече, Сашо Велковски, сегашниот и кандидат за градоначалник на општина Свети Николе.

-Докажавме дека можеме и дека знаеме да ги вратиме сите проекти, реконструиравме фонтана, водовод, прочистителна станица, јавен превоз, вело патика, колективна зграда за социјално загрозени семејства, подобрување на условите во училиштата и градинките, го опремивме јавното претпријатие, во моментот се гради противпожарне дом како и градинка во Ерџелија, граѓаните многу добро знаат додека ние работевме и се боревме за нашите сограѓани тие бедно манипулираа, изминатите години покажавме со домаќинско работење и реализирани проекти можеме да обезбедиме подобар живот, појасни тој.

-Оваа локална власт докажа дека само заедно можеме да исчекориме на пред и да ја подобриме нашата општина, сакаме здрава и чиста животна средина, во наредните проблеми ќе ги решиме проблемите за пиење, ќе инвестираме во нови улици и патишта, како и нови детски градинки, а ќе го реализираме со наши средства и поддршка од Владата.Преку отварање на стопански капацитети ќе ги задржиме младите, ќе се вложуваат милиони евра во ветерници и фотоволтаици, а тоа еинвестиција во нашата иднина.