Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илиевски од Перо Чичо: населбата добива нова детска градинка за нашите најмали

Денеска кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ и Коалицијата, заедно со потпретседателот Спасовски остварија средба со жителите на наслебата Пеор Чичо.

„Ова е моја населба и моето маало. Вие најдоброто знаете дека Оливер Илиевски ќе ја реализира програмата Најдоброто за Куманово“- порача Илиевски.

Тој потенцираше дека како жител на оваа населба точно знае со какви проблеми се соочува Перо Чичо и дека за истите е предвидено нивно решавање.

„Предвидена е изградба на пат од потег Де лукс до лозје, уредување и пошумување на ново излетничко место Багрем бања, асфалтирање и изградба на пешачки патеки со дрвореди, изградба на детско катче, како и доасфалтирање на улиците со изградба на тротоари, осветлување и уредување на посточекиот канал“- најави Илиевски.
На средбата Илиевски посочи дека со поддршка од централната власт и мнистерот Спасовски кој исто така потекнува од оваа наслеба, со заеднички сили ќе успеат сé она што е замислено да биде реализирано.
„Најголемо достигнување ќе биде изградбата на нова детска градинка со нови капацитети за најмалите, нема повеќе ургенции за запишување на деца во градинка, бидејќи секое дете заслужува социјализација со своите врсници“- заврши Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК