7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Муцунски и Арсовска ги слушаат само наредбите на Мицкоски, а тој не знае кај тера

Од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска не можат да се очекуваат развојни проекти и граѓаните тоа го знаат, го знаат затоа што мегаломанството во Скопје заврши, а заврши и нивниот арамилак да освојуваат општини заради пусти пари, порача синоќа претседателот на СДСМ Зоран Заев, на предизборниот митниг во скопската општина Аеродром.

Според него, непроменети луѓе и режим не одат со нова иднина.

„Не оди режим и непроменети луѓе со нова иднина. Нова иднина оди со овие луѓе, нова иднина оди со Филиповски и Трајановски овде во Аеродром. Нова иднина оди со Софија Пејкова и Петар Шилегов во Скопје. Тоа е Скопје што го навикна овие 4 години, тоа Скопје ќе го поддржи затоа што тоа е добро и за Скопје и за сите наши општини. Муцунски и Арсовска знаат само да ги слушаат наредбите на Христијан Мицкоски, а тој не знае кај тера“, рече Заев.

Според него, теми што СДСМ со години ги промовира и реализира, денес Мицкоски ги претставува како свои, што е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ навистина нема што да понуди.

„Ние инвестираме во младите во земјоделците во работниците и пензионерите, тие инвестираа во барок, во споменици, жални врби и палми. Ние се грижиме за младите, тие ги тепаа на плоштад и по читални и ги бркаа од државата. Мицкоски упорно се однесува нечесно, несериозно и неодговорно и заради тоа е казнуван од граѓаните со редовни порази на изборите, а после овој седми пораз на избори, време е да се повлече и од белиот дворец“, нагласи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК