22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Африканци со туѓи пасоши се обиделе да влезат во државата, имале и две шишиња со непозната течност

Министерството за внатрешни работи информира дека на Меѓународниот аеродром „Скопје“ биле откриени две лица од Камерун, кои во нивниот личен багаж имале лична карта и патна исправа на име на други лица, а полицијата пронашла и две шишиња со непозната течност.

Според МВР, денеска, во 00.10 часот, на граничниот премин – Меѓународен аеродром „Скопје“, при пасошка контрола и проверка кај лицата М. Б. С. (40) од Камерун, со француска патна исправа, и Р. Ф. (36) од Камерун, со дозвола за престој во Луксембург, полициски службеници во нивниот личен багаж пронашле една француска лична карта и камерунска патна исправа на име на други лица, како и хартија во форма на банкноти со идентичен принт на пари во апоени од 50, 100, 200 и 500 евра и две шишиња со непозната течност.

Предметите им биле одземени, а на лицата не им бил дозволен влез во Република Северна Македонија.