25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Герасимовски: Планското зајакнување на капацитетите е клучот за чист Центар

Современа инфраструктура во секојa општина, град и село, Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата зборуваше за инфраструктурните проекти на СДСМ во денешната изјава за јавност.

Герасимовски фокус даде на инвестициите во атмосферската канализација и реконструкцијата на улици во општините, во силното вложување на изградба на велосипедски патеки, реконструкција на тротоари.

„Во општина Центар комуналната инфраструктура ја ставаме во фокусот на програмата преку планско зајакнување на капацитетите на јавните градски и комунални претпријатија. Комуналното претпријатие ПОЦ во Центар станува и комунално претпријатие со нови 130 вработени кои ќе се грижат за јавната хигиена.

Чентар е срцето на градот, Центар мора и треба да биде чист, затоа воведуваме “маалски патроли” за поголема безбедност и грижа за јавните површини. Ќе извршиме мапирање на критични локации и нивно почесто третирање, во соработка со Град Скопје. Ќе поставиме нови корпи за отпадоци и контејнери со поголеми капацитети за собирање отпад на локациите кои се пофреквентни, ќе поставиме подземни контејнери секаде низ општина Центар и ќе дадеме поддршка за хигиена во подземните гаражи“, изјава Герасимовски.

Тимот кој го создава СДСМ рече Герасимовски има вистинската формула за заеднички успех и на општините и на градот Скопје! „Граѓаните тоа го препознаваат и затоа и на овие локални избори ќе ја направат разликата и ќе одлучат дека СДСМ и коалицијата се најдобрата опција“, заврши Герасимовски.