Коалицијата најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ ги промовираше кандидатите за членови во Советот на Општина Битола.
Носителот на листата д-р Александар Димовски на промоцијата рече дека задолство е да се биде предводник на листа со кандидати за советници кои се луѓе со искрени и чесни намери да дадат се од себе за Битола. Луѓе вредни, домаќини и одговорни, познати и признати во своето маало, докажани во својата работа и професија.
„Со нас сте начисто – го добивате најдоброто од Битола, за Битола. Како лекар со долгогодишно искуство, со задоволство го прифатив предизвикот да ја предводам победничката листа со кандидати за советници. На битолчани им помагам со години. Сум погледнал илјадници рендген снимки, сум напишал илјадници наоди и мислења, а сега на ред е да ја испишам, заедно со сите вас, најубавата страница во поновата историја на Битола. Советничката листа што ја предводам го отсликува карактерот на коалицијата предводена од СДСМ. Шаренолика, а обединувачка, цврсто поврзана околу темелните наши заложби – подобра општина како сервис на граѓаните.“-рече Димовски.
Тој додаде дека тоа што влегува во еден нов предизвик да даде придонес за градот и граѓаните преку локалната самоуправа, не значи дека ќе ја напушти лекарската професија, бидејќи на битолчани им треба и како лекар.
„ Моето место во Советот на Општина Битола никако не го доживувам како политичка функција. Јас и утре сум на дежурство. Сигурен сум дека граѓаните знаат да препознаат вистински порив да се помогне на Битола наспроти жед за власт. На Битола не и треба лечење, и треба менаџирање. Служев и ќе служам како доктор, ќе служам и како советник. Советот е местото каде се слуша гласот на граѓаните, а јас знам да слушам. Советот е местото каде се решаваат секојдневните проблеми на граѓаните, а јас сум решавал не проблеми, туку и животни прашања. Со сета одговорност што функцијата советник ја носи, ви ветувам дека во Советот ќе бидам вашиот глас.“-рече Димовски.
На промоцијата се обрати и кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски. Нашата заедничка визија е јасна. Сакаме економски и инфраструктурно развиена општина, каде луѓето сакаат да живеат и работат. Сакаме модерен град, но и развиени села.
„Немам ниту една дилема дека сме на вистинскиот пат. Ќе успееме, зашто тоа е патот кој ни го покажаа граѓаните. Битолчани знаат дека им треба млад, енергичен и ефикасен менаџер кој забрзано ќе ја возобнови Битола. Едвај го чекам првиот работен ден да почнам да работам за Општина Битола, за граѓаните. Ние сме најдобриот избор за Битола. Уверен сум во тоа, не само затоа што анкетите со сигурност потврдуваат дека победуваме, туку затоа што лично ја видов таа победа во очите на битолчани. Видов доверба и надеж дека Битола ќе ја биде и тоа на чело со нас. Затоа ве повикувам на 17 октомври сите да го заокружиме бројот кој го носи најдоброто за Битола! Да го заокружиме победничкиот број 12! Победуваме во прв круг!“ – порача Кондовски.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска ги потсети битолчани дека од изолирана и заробена држава станавме земја членка на НАТО, од сеење на страв и магла, стигнавме да бидеме рангирани како најтранспарентни во регионот, oд ширење омраза кон соседите, сега имаме регионална соработка за пример, Балканот има ново лице. И се тоа за 4 години.
“Граѓаните се нашиот најважниот партнер, на градоначалникот и на советниците, затоа работиме со граѓаните, за граѓаните, за подобра Битола, секогаш напред со Најдобрите. Направете го вистинскиот избор, гласајте за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, Христо Кондовски и советничката листа предводена од доктор Александар Димовски. Гласајте за 12, за Најдоброто за Битола!”, рече Лукревска.