15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Елезовиќ од Тетово: Општината ќе биде со чист воздух, асфалтирани улици и тротоари

Тетово е една модерна општина каде секој граѓанин ќе има чист воздух, град во кој ќе нема нечисти улици, познато по зелените површини, јака инфраструктура, панкинг простор, и општина во која ќе бидат уредени и улиците и тротоарите, модерни училишта и спортски сали, како и во социјаниот дијалог, рече кандидатот за градоначалник на општина Тетово од редовите на СДСМ, Хамдија Елезовиќ за време на вечерашниот митинг „Најдоброто за нашата општина“.

– Со голема одговорност ја претставувам мојата кандидатура, пред вас жителите на Тетово, а градот е наш дом, се чува се надрградува и се предава на идните поколенија, рече тој.

За Елезовиќ Тетово е една модерна општина каде секој граѓанин ќе има чист воздух, град во кој ќе нема нечисти улици, познато по зелените површини, јака инфраструктура, панкинг простор, и општина во која ќе бидат уредени и улиците и тротоарите, модерни училишта и спортски сали, како и во социјаниот дијалог.

Според него со труд, работа и знаење секој заслужува подобро во Тетово.

-Нашата сегашност и иднина и нашата перспектива ја градат нашата среќа, јас како доктор се грижам за здравјето на голем број луѓе, а сега ајде да го излечиме , заедно знаеме како. Општината мора да вложува во подобри услови за сите, предлого се експериментираше со образованието на младите, тетовско шеталиште, паркови со патеки, враѓање на духот на стариот дел на градот, со екофасади со автентична архитектура, ќе стимулираме отворање на продавници и други бизниси. Тетово ќе стане енргетски ефикасен град, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК

Левица: Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!

ДЕСК

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.