5. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Георгиевски од СДСМ: Долгот на Охрид од 1,6 милијарди денари го намаливме на 295 милиони, работиме чесно и одговорно

„Работевме одговорно, домаќински и посветено за Охрид и охриѓани. Имавме општина со големи проблеми, пред се финансики. Општината имаше 1,6 милијарди денари долг, па започнавме процес на раздолжување и стигнавме до 295 милиони долг. Сега сме на праг до раздолжување“ кажа актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Тој додаде дека се реализрани крупни проекти, а основната цел на локалната власт е Охрид да стане дестинација во сите 365 денови и да има можности за сите.

„Новата програма ни се состои од 5 постулати. Плажи по мерка на граѓаните и во склад со природата, урбана култура – враќање на сјајот на чаршијата, Охрид на еден клик, децата се нашата иднина и Охрид зелена оаза“ кажа Георгиевски.

Тој исто така додаде дека општина Охрид е две години со ред прогласена за најтранспарентна општина во земјата во проектот на Метаморфозис и УСАИД.