Економијата и куповната моќ на граѓаните се вечно актуелна тема за сите општства, секако оваа тема е податлива и за манипулации за што се користат и вистински бројки но со погрешни и несоодветни споредби, се вели во новата анализа во емисијата„Кратки нозе“ на Цивил медиа, каде се разоткриваат дезинформациите со факти и аргументи.
-Таков е примерот со твитот на Џорџ Вашингтон од Северна Македонија кој вели дека „ Денес со 28.540 денари просечна плата, граѓанинот може да купи 732 литри плин и 391 литро бензин, а во мај 2020 година со тогашната просечна плата од 26.930 денари можел да купи 1100 литри плин и 544 литри бензин. Просечната плаа се зголемува, а куповната моќ се намалува, се констатира во објавата која минатата недела беше меѓу најпопуларните 30 твитови, со 93 ретвита и 320 допаѓања, се вели во анализата.
Според Цивил медиа можеби изнесените бројки се точни, но споредбата е апсолутно неточна затоа што граѓаните не купуваат само бензин и плин во месецот туку и други производи, далеку посоодветна споредба за ова е споредбата на платите со потрошувачката кошничка, а таму бројките говорат за раст на куповната моќ на граѓаните.
-Во јуни 2017 година биле потребни 3,22 минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, а во јуни 2022 година, потребни се 2,5 минимални плати, вели за „Цивил медиа“ Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии.
-Факт е дека има раст на цените на бензините и на лебот, но исто така е факт дека има раст на минималната и просечната платра како и на куповната моќ на граѓаните. епак куповната моќ на граѓаните во Северна Македонија е далеку од онаа поскауваната од онаа кон која се стремиме, на развиентите земји, но дали проблемите ќе ги решиме со вакви манипулации, секако дека не, граѓаните треба да внимаваат со статистичките податоци и погрешните споредби, затоа што се користат за нивна манипулација особено од анонимни профили на социјалните мрежи, заклучуваат од Цивил медиа..