23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Поцков од Гевгелија: Затекнавме задолжена општина, но за 2 години финансиски се консолидиравме и ги завршивме капиталните проекти

„Затекнавме не сјајна, туку задолжена општина со 143 милиони денари денарски долг и 2 милиони евра девизен долг. Тоа требаше да се серисира, а ние за 2 години финансиски ја консолидиравме општината. Не само тоа, туку и успеавме да ги завршиме трите капитални проекти – новиот водовод, новата прочистителна станица и новата депонија“ кажа актуелнот и кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од СДСМ, Сашко Поцков на трибината „Најдоброто за мојата општина“.

Тој додаде дека за големите проекти немало ниту финансиска конструкција, ниту пак обезбедена инфраструктура, меѓутоа со напорна работа и поддршка од централната власт се завршиле капиталните проекти.

„Во изминатиот мандат направивме над 70 проекти и тоа не само во градут, туку во сите населени места во општината. Извршувањето на буџетот во 2019 и 2020 година ни беше над 80%, во кој капиталните расходи ни беа 40%. Парите од народот, повторно за народот“ кажа Поцков.

Градоначалникот кажа дека го бара вториот мандат за да ја заокружи визијата за модерна, зелена и европска Гевгелија, на што работи од почетокот на неговиот прв пандат.